Моторциклист тешко повреден кај Требеништа

Уште една сообраќајка со мотор во која е тешко повреден моторциклист.Пред два дена моторциклист загина кај Косел.

На 06.08.2018 година во 11,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, пред с.Требеништа, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Кавасаки“ со скопски регистерски таблици управуван од С.Д. (36) од Скопје и патничко моторно возило “Џип“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ј.(36) од Скопје.
-Во незгодата возачот на моторциклот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид бил пренесен во болницата „ Аџибадем Систина“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани