Повозрасни охриѓани краделе кровна конструкција

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.З.(58), В.З.(52) и Ш.Ш.(83) сите од Охрид.

Пријавените, здружени заради вршење кражба, во периодот април-јули оваа година од магацински простор во Охрид одзеле плочки, арматура со различни димензии од кровна конструкција и лим, со што се здобиле со противправна имотна корист од 326.000,оо денари, информира портпарол на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани