ФОТО: Собраќајка кај Оровник

Пред малку на патот Охрид Кичево во близината на селото Оровник се случи сообраќајна несреќа.

Од засега непознати причини во десет часот утрово се судриле автомобил марка „југо“ и комбе на превозникот „Омега Експрес“. 

Сообраќајката е случена токму на влезот за селото Оровник. Судејќи според фотографиите на очевидецот –  репортер на Охриднет  нема тешко повредени. Патниците стојат пред судрените возила и чекаат нов транспорт. 

Полицијата ќе изврши увид на лице место за утврдување на причините за несреќата. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани