Изменет е сообраќајниот режим на патот Кичево-Охрид.
Според АМСМ, на магистралниот пат Кичево-Охрид, на потегот Мала Река-Славеј Планина, се воведува времена измена на режим на сообраќајот.Времената измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) е поради изведување градежни работи, а ќе трае до завршување на активностите. За времениот режим веќе е поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.
