Стружанец, со клешти „заработил“ многу пари

Вешт крадец, користел клешти и украл пари и алкохол од струшки дисконт.

Пари,алкохолни и енергетски пијалоци украл 34 годишен стружанец. Крадецот „спечалил“ 300.000 денари но и кривична. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(34) од Струга.
-Тој, казненото дело го сторил на 31 мај оваа година во дисконт лоциран на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга користејќи клешти со кои ја исекол железната решетка на задната врата од дисконтот. Потоа насилно ја отворил вратата, влегол во дисконтот, извршил пребарување и од касата одзел пари и 30 алкохолни и енергетски пијалоци. Со извршувањето на казненото дело, пријавениот Н.М. се стекнал со противправна имотна корист од 300.000,оо денари, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани