Земјотрес со епицентар во Албанија го стресе Охрид

Земјотрес  од Албанија почувствувам и во Охрид.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево на 11.8.2018 година во 17 часот и 38 минути регистрирше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5.0 чиј епицентар се наоѓа 115km југозападно од Скопје и се наоѓа во соседна Албанија. Земјотресот беше почувствуван и на територијата на Република Македонија и тоа најсилно во Дебар околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Охрид, Струга, Кичево и Гостивар со интензитет од III-IV степени и во Скопје и Тетово со интензитет од III степени според истата скала.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани