18-годишно момче од Србија ќе се обиде да го преплива Охридското езеро.
18-годишниот нуркач и пливач од Пирот-Србија, Урош Иванковиќ, денеска ќе се обиде да го преплива Охридското езеро од Св. Наум до Охрид, со должина од 29 километри. Во својот обид, Дејан има придружба од членовите на своето семејство како и од медицински екипи и спасители на вода на охридскиот Црвен крст. Урош својот пливачки подвиг го започна во 9 часот а неговото доаѓање на кејот кај старото пристаниште, се очекува околу 14:30 часот.
