Сообраќајна незгода се случи пред малку на патот Охрид-Кичево во близина на аеродромот.
Во сообраќајката за среќа нема повреденилица а причинета е само материјална тета. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информира дека во сообраќајната незгода учествувале три патнички возила од кои две со странски регистарски ознаки. Димоски вели дека на местото на настанот, полициски екипи вршат увид по што ќе се знаат причините за сообраќајната незгода. Дознаваме дека едно од возилата влечело приколка со глисер и вистинска среќа е што сообраќајката завршила само со материјална штета.
