Награда од 1000 евра за точна информација за запалениот „Пасат“

Охридски адвокат нуди награда од 1000 евра за информација кој го запали неговиот „Пасат“.

Охридскиот адвокат Мишел Наумоски, најнапред на својот ФБ профил а потоа и со допис до новинарите, информира дека распишал награда за точна информација што ќе го доведе до сторителите кои го запалија неговиот автомобил. Во неговиот допис стои: Во интерес на откривање на можните сторители и нарачатели на кривично правниот настан ја нудам следнава награда од 1.000,00 eur. за секоја релевантна информација која поконкретно и попрецизно ќе не приближи до откривање на извршителите или нарачателите на кривичното дело. Гарантирам дискреција на изворот на информацијата.
Да потсетиме:Пред два дена, петокот после полноќ запален бешее автомобилот на познатиот адвокат Мишел Наумоски од Охрид.Тој за „Охриднет“ кажа дека автомобилот бил опожарен десетина минути откако го паркирал пред зградата каде живее.
-„Само десетина минути ткако си отидов дома, некој го запали автомобилот пред згарадата каде живеам, на улица „Партизанска“ во центарот на Охрид“.
Автомобилот веројатно бил запален со експлозивна направа и заплива течност.Сторителите засега се непознати, но се очекува брзо да бидат ортркиени бидејки се снимени на безбедносни камери.Наумоски важи за реномиран и познат адвокат во градот. Причината за овој атак е непозната, но се поврзува со професионалниот ангажман на адвокатот. Во гаснењето на огнот учествувале екипи на противпожарната единица на град Охрид, н возилото е комплетно оштетено. Увид и вештачење на опожареното возило извршија јавен обвинител и  екипи на СВР Охрид. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани