Ева Крстановска боледуваше од редок вид леукемија.
Почина Ева Крстаноска, девојчето од Пештани за кого не се собраа пари за лекување.Малата Ева веќе една година се бореше со многу редок вид на леукемија. Во еден момент состојбата и беше влошена поради што беше неопходно веднаш да замине на операција во Германија.Фондот за здравство покриваше дел од износот, остатокот требаше да го обезбеди семејството, за што се бараше и собираше помош. Но, за жал не се собраа пари.На социјалните мрежи, гневни родители остро ги нападнаа институциите поради негрижата за овие деца.
