„Не летај, летувај“, кампања во Охрид

Продолжува сообраќајната кампања „Не летај, летувај“.

Едукација и подигнување на свеста за безбедно и одговорно патување во текот на летото и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив е целта на едукативната кампања „Не летај, летувај“,деновиве продолжува да се реализира во Охрид. Кампањата отпочна пред почетокот на туристичката сезона во организација на Министерството за внатрешни работи и Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) а веднаш потоа во Охрид ја спроведе Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот (ОСБСП).Според РСБСП, деновите наменети за летен одмор, во Македонија и во светски рамки се познати како најфатални денови на патиштата кога бројот на сообраќајни незгоди со фатални последици драстично се зголемува. Како одговор на оваа загрижувачка појава и на црната статистика, светските организации секоја година ја реализираат кампањата „100 Deadliest Days of Summer“.Тоа е причина и мотив, токму во овој период, возачите и сите останати учесници во сообраќајот дополнително да се едуцираат за правилата и прописите, односно за начинот безбедно и одговорно да стигнат до посакуваната дестинација.
-Во текот на август, продолжува реализацијата на кампањата во Охрид а деновиве на повеќе фрекфентни места и сообраќајници во градов, полициски службеници имаат зачестено присуство, вршат проактивни и едукативните активности со сите учесници во сообраќајот, делат едукативните материјали и на тој начин, превентивно дејствуваат кон едукација и подигање на свеста и совеста на учесниците за поголема безбедносна култура, почитување на сообраќајните правила и прописи а пред се почитување на брзината на движење по коловозите. Целта е севкупно подобрување на безбедноста во сообраќајот и елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди, изјави м-р Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани