Денеска ќе се донесе одлука колку Владата ќе потроши за кампањата за рефрендумот.
Владата на денешната седница ќе објави колку средства ќе се одделат за кампањата за претстојниот референдум за Договорот меѓу Македонија и Грција. Досега само Министерстото за одбрана објави колку средства ќе намени за претстојниот референдум.Од другите министерства нема информации кој колку средства ќе пренамени за оваа цел, иако вчера истече рокот за да достават информации до Министерството за финансии, за средствата што ги имаат на располагање, што би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот.За денеска претпладне е закажана коориднација на спикерот Талат Џафери со коориднаторите на пратеничките групи, а главна тема е референдумот.Кампањата ќе биде информативна, а целта е на граѓаните да им се објаснат придобивките од договорот со Грција. Во текот на целиот процес ќе се почитува принципот на отчетност и транспарентност.
