Советниците утре ќе го служнат извештајот за работата на сообраќајната полиција.
На утрешната 15 седница на Советот на општина Охрид, меѓу другите точки на дневен ред е информацијата за состобата со јавната и сообраќајна безбедност во Охрид. Советниците ќе ја разгледаат Предлот- одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2018 година.Се очекува, шестмесечниот извештај за работата на охридската полиција да го поднесе командирот или друг претставник на полициската станица.Граѓаните се погласно реагираат на потребата од подобрување на состојбите во сообраќајот во градот пред се во летните периоди како и за време на поголемите празници кога во Охрид значително се зголемува бројот на автомобили што пак, предизвикува сообраќаен хаос пред се во централното градско подрачје.
