51 годишен жител на струшко Корошишта за фалсот добил кривична од гостиварската полиција.
Надоврешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.М.(44) од Гостивар, за сторени кривични дела “фалсификување на исправа“ и “употреба на исправа со невистинита содржина“, Б.Б.(51) од село Корошишта, струшко за “помагање“ во врска со “фалсификување на исправа“ и “употреба на исправа со невистинита содржина“, и “измама при добивање кредит или други погодности“ и В.Е.(54) од село Чегране, тетовско, за “употреба на исправа со невистинита содржина“. Во декември 2015 година првопријавениот користејќи ја потврдата на второ пријавениот за престој во Р.Швајцарија изготвил странски купопродажен договор за приколка “Когел“ од Р. Босна и Херцеговина помеѓу С.Ѓ. како продавач и второпријавениот како купувач со лажен датум од 13.08.2014 година. Второ пријавениот со цел да ја искористи погодноста предвидена согласно Закон за возила и да си овозможи имотна корист за легализирање на возилото во Бирото за метерологија дал невистинити податоци во постапката за идентификација, а прво и трето пријавените фалсификуваната документација ја доставиле во Царинската управа Тетово и во Бирото за метрологија во постапката за регистрација на приколка која не ги исполнува Еуро 4 стандардите.
