Започнува 11 издание на Охридскиот хорски фестивал.
Со посебен хорски перформанс и хорска изведба на „Билјана платно белеше“ и „Македонско девојче“, вечерва свечено ќе биде отворено единаесеттото издание на Охридскиот хорски фестивал. Фестивалот, со ревијалната и натпреварувачка програма започнува утре и ќе трае до 27-ми август.Предвидени се бројни концерти во натпреварувачкиот дел, концертите на духовна музика, поп и фолк концертите. Концертите на 11 Охридски хорски фестивал ќе се одржуваат во католичката црква „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид и во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Горица“.

