Утре завршува балканското тениско, денеска почнува првенството во бадмингтон

Двете првенства се меѓународни и се одржуваат во „Билјанини извори“.

На тениските терени на спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ утре завршува тениското првенство за медицински лица на кое учествуваат стотина медицински лица-доктори и друг медицински персонал од 10 балкански држави.Од денеска до 2-ри септември во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи Балканското првенство во бадмингтон за сениори со учество на 120 играчи во бадмингтон од 10 Балкански држави. Натпреварите ќе се одржуваат секој ден од 10 до 18 часот. Финалните натпревари се закажани за недела, втори септември.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани