Сликата е направена вчера.
Нуркачите на нуркачкиот центар „Акватек“, вчера во водите на Охридското езеро на длабочина од 14 метри забележале мртва јагула.Нејасни се причините за угинувањето но објаснуваат дека по првичните впечатоци нема насилно угинување на јагулата. Според некои процени јагулите настанале уште во периодот од пред 140-65 милиони години. Според некои истражувачи овие риби, освен што се хранат во вода, при посебни околности можат да излезат и надвор од неа и таму да го побараат својот оброк во некој полжав, црв или растение. Активни се само ноќе, а преку денот се вклопуваат во тиња на дното. Таму ја поминуваат и зимата, притоа воопшто без храна.Сите јагули од Европа, Персискиот залив, северниот и западниот Африкански Брег се мрестат во Саргаско Море, меѓу Бермуските Острови и Порторико. Искористувајќи ги морските струи и сопственото движење, патувањето на европската јагула до мрестилиштета трае повеќе од една година.

