Охрид подготвен за јубилејниот “Охрид Фест –Охридски трубадури“

Јубилејниот 25-ти “Охрид Фест –Охридски трубадури“, ќе се одржат од 6-ти до 8-ми септември.

Организаторите на фестивалот се уште не ги откриваат сите пејачи и програмски активности со кои ќе се одбележи јубилејот но сепак се знае дека на Фолк вечерта ќе настапат Благица Павловска ,’’Скопски боеми“, Петар Нечовски, Нино Величковски, Милица Кузмановска, Милован Секуловски, „Молика“, Зоран Христов….. а на Поп вечерта – Даниел Кајмаковски, Огнен Здравковски, Пепа, Денис Димовски, Лена, Ѓоко Ѓорчев, Жармена и други.„Кроација рекордс“ ќе ги промовира новите албуми на хрватската денс група „Колонија“ и на фолк-ѕвездата Нада Обриќ на 8 септември, на официјалната прес-конференција на „Охрид фест-охридски трубадури“ во хотел „Нова Ривиера“ во 10, 30 часот, Јубилејниот 25.„Охрид фест-охридски трубадури“ трае три дена, со почеток од 20,30 часот, (на Кеј Македонија пред хотел „Нова Ривиера“) почнувајќи од 6 септември кога е закажана фолк-вечерта, на 7 септември е поп-вечерта , а на завршницата, на 8 септември е интернационалната вечер.Карлос (Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу ( Грција), Ален Исламовиќ (БИХ), групата “Балканика’’(Србија), Мерима Његомир (Србија), се само дел од гостите чие присуство е потврдено.
Пренос во живо ќе има на повеќе телевизии: Балканика – Бугарија, Бел ами – Србија, Коперникус – Србија, ТВ Z1 – Хрватска, CMC (Croatian Music Channel –Хрватска , Хајат – Босна и Херцеговина, Визион плус – Албанија, ТRT – Турција, ТВ Шансона – Русија и австралиската сателитска ТВ INTV.Уметнички директор на фестивалот е композиторот Григор Копров.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани