ФОТО: Охридска „флотила“ – со корита за перење пловеле по езеро

Пред околу еден век деца со корита пловеле по Охридското езеро.

Коритата за перење ги користеле како кајаци, со раце веслале и се натпреварувале.

-„Коритата од мајките за перење ги користевме негде 1937 година. Си организиравме такмичење на пристаниште. Имаше многу смеење. Убаво и било да се обнови оваа интересна традиција“, вели Петро Поп Стефанија.

Малата езерска флота – „флотила“, објавена на фејсбук групата „Охрд слики од минатото“ предизвика бројни коментари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани