Загинатото момче било од охридско село.
Мотоциклист загина кога со моторот што го управувал се судрил со автомобил, попладнево на магистралниот пат Прилеп-Градско. Според полицијата, станува збор за од М.М.(20) од селото Слатино.Сообраќајната несреќа се случила во 17.10 часот, во близина на селото Плетвар. Автомобил „фиат“ со битолски регистарски ознаки управувано од Н.К.(45) од Крушево се судрил со мотоцикл „јамаха“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал М.М. Во сообраќајната несреќа на самото место загинал мотоциклистот.Возачот и совозачот на автомобилот со возило на брза помош биле пренесени во Градска болница о Прилеп.Полицијата врши увид, а сообраќајот се одвива со неизменично пропуштање.
Извор:мкд.мк
