Успешна крводарителска акција

36 собрани единици крв беше епилогот на денешната крводарителска акција во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со маркети Тамаро.

Радува фактот што 5 крводарители на оваа акција за прва пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители.
Изразуваме благодарност до маркети Тамаро и вработените кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност и до Центарот за култура „Григор Прличев“ кој овозможи простор за одвивање на крводарителската акција.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани