40 години од првата хемодијализа во Струга. Заводот за нефрологија од 1978 година до денес прерасна во здравствена установа која брои 209 вработени од кои 25 специјалисти и друг високостручен кадар.

Во план е воведување на нова хируршка процедура – трансплантација на бубрег, за што веќе има операциона сала, но недостига медицинска опрема.
-Треба да се доопреми, инаку имаме нова операциона сала во уролошкото одделение во заводот која што може да се искористи и дури сега мислам дека сме во можност да правиме и посттрансплантациона нега. Опрема имаме, но мора да се освежи опремата со нови апарати со потребен ни е ехо апарат за ултразвучна дијагностика. Имаме многу пациенти во тој ехо кабинет од Струга, регионот и пошироко. Нови апарати за дијализа секако потребна е нова опрема“, вели Александар Попоски в.д. директор на Завод за нефрологија.
Во овој момент во болницата се дијализираат 120 пациенти на хемодијализа. Ги има од цела Македонија но и од Албанија и регионот. Заводот веќе развива здравствен туризам. Има дел за холидеј – дијализа во летните месеци, на брегот на Охридското езеро е изградена рибарска куќа во која се сместуваат околу 70 пациенти.
– „Струга располага со одлични капацитети во поглед на здравствен туризам , во поглед на гастрономски услуги се надевам дека во иднина тоа мора да го заживееме пациентите да имаат квалитетна дијализа и добри услови и добри сместувања. Струга располага со убава клима и многу сончеви денови се надевам дека тоа во иднина ќе се оствари“, вели Попоски.
До крајот на 2017 година во оваа институција направени се над 900.000 дијализи.Најстариот пациент е Миле Кулески, кој цели 32 години се лекува во Заводот за нефрологија.
Новинар Соња Рилковска
