Во тешка сообраќајка загина 35 годишен охриѓанец. Вчера попладене на улицата „Абас Емин“ во Охрид згасна животот на уште еден моторџија а потешко е повреден минувач на улицата.
Починатиот бил на мотор, го возел по улицата и одеднаш го сменал правецот. Сообраќајната незгода ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски кој рече дека во моментов улицата „Абас Емин“ е затворена за движење на коли и пешаци а екипи на СВР Охрид со Јавен обвинител вршат увид на местото на трагичниот настан. Димоски, повеќе информации најави за утре. Кои се причините за оваа трагична сообраќајка со жртва ќе се знае по увидот но она што е повеќе од алармантно е дека оваа, е уште една сообраќајка со жртва на мотор. Летово, еден моторџија загина кај селото Лескоец а неодамна, охриѓанец загина на мотор кај Плетвар.
