Сончево, но постудено време со силен северен ветер ќе преовладува денеска во Македонија.
Дневните температури во поголем дел од државата ќе бидат намалени за околу 10, а наместа и за 15 степени.
Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 12 до 22 степени. УВ-индексот изнесува 6.
Во Охрид денес облачно со температура до 17 степени. Од утре се предвидува сончево време но температурите ќе бидат ниски, од 2 степени до максимални 16 степени.
Од среда наутро ќе има значително опаѓање на утринската температура, која наместа ќе се спушти дури и околу нулата. Постепено затоплување се очекува кон крајот на неделата.
