Непречен референдумски старт во Охрид и Дебарца.
Во Општина Охрид во Избирачкиот список се регистрирани 52.171 граѓани со право на глас, додека во Дебрца своето право на изјаснување можат да го искористат 4.460 граѓани. Инаку, навремено и без проблеми започна референдумот во Охрид и Дебарца.Изјаснувањето на граѓаните по однос референдумот во општините Охрид и Дебрца се одвива непречено и во демократска атмосфера, на сите гласачки места.Претседателот на ОИК на Охрид Димитрија Вревезоски за МИА потврди дека сите 89 избирачки, односно 88 гласачки места се отворени во предвидениот рок и оти засега нема никакви проблеми во процесот.Референдумското изјаснување на населението се одвива непречено и во Општина Дебрца. Според претседателот на ОИК Сашо Суклоски, сите 28 гласачки места се отворени во законски утврдениот рок, а процесот на изјаснување на граѓаните се одвива непречено.
