Вредниот медицински и административен персонал во реномираната медицинска установа Заводот за кардиологија Охрид, ја „светнаа“ околината.
Во рамките на одбележувањe на Денот на Европска Соработка – European Cooperation Day, ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Св.Стефан Охрид вчера во соработка со ЈЗУ Здравствен дом Охрид како партнери во проектот Heart Safe Cities во склоп на Interreg IPA CBC Programme 2014-2020,
одржа настан под мото: „Здраво срце – чиста околина“.
Целта на настанот е претставување на проектот во кој учествуваат заедно со партнери од Грција, како и подигање на свеста за чиста животна средина.
Во наредните две години Заводот ќе биде ангажиран во спроведување на низа активности предвидени во проектот.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
