Предлогот за уставни измени пристигна во Собрание

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насока за негово изменување и дополнување што Владата го усвои на денешната вонредна седница веќе пристигна во Собранието.

Претседателот на Собранието вели дека  по пристигнувањето на предлогот  во рок од три дена треба да се утврди дали ги содржи сите потребни елементи.

-„Ако одиме во редовна постапка, во рок од три дена треба да се согледа материјалот од формално-правен аспект, да се консултирам со службите и доколку одлуката ги има сите елементи да ја испратам до пратениците. Тоа може да го направам и за еден ден. Во моментот кога ќе го доставам материјалот до пратениците најкратко во редовна постапка може да свикам пленарна седница за 10 работни дена. Во тие 10 дена додека трае чекањето за пленарна седница треба да свикам седница на Комисијата за уставни прашања каде сум претседател по функција и да го разгледаме предлогот на комисијата”, појасни Талат  Џафери.

Роковите можат да бидат и пократки.

„На Комисијата пратениците може да говорат повеќе пати, но не повеќе од 20 минути вкупно. Ако порано се исцрпи дебатата на Комисијата се оди на пленарна седница”, рече Џафери.

Тој уште додаде дека постапката може да биде и итна по барање на Владата, на претседателот или на 20 пратеници, но и претседателот на Собранието има можност да одлучи седницата да биде итна.

„Можам да свикам седница и во рок пократок од 10 дена. Имајќи предвид дека се работи за тајминг кој треба да го исполниме по однос на обврските за уставни измени предвидени со Договорот и поканата за членство во НАТО, сметам дека нема потреба од 20 потписи на пратеници. Поради итноста на потребата можам да свикам седница и во пократок рок од 10 дена со тоа што ќе мора да водам сметка за работата на Комисијата за уставни прашања. Ако се случи дебатата на Комисијата да трае 10 дена ќе мора пленарната седница да се одложи додека трае дебатата”, изјави Џафери.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани