Охрид една од најевтините европски дестинации

Страницата за пребарување и  сместување во хотели „Trivago“  деновиве  го прогласи Охрид во седумте најекономични дестинаци за патување.

Наспроти честите поплаки од домашните гости,  кои постојано споделуваат скапи фискални сметки по социјалните мрежи и го критикуваат градот и охриѓани,   истражувањата покажуваат нешто сосема спротивно.  Охрид е едно од најевтините европски туристички места и по цените на сместување, но и по цените на угостителските услуги.

 Според хотелиерите главниот туристички центар во земјава денес води примамлива ценовна политика, за разлика од минатото.

-„ Не Охрид не е скап. Напротив Охрид не е скап и за градот треба сериозно да се размислува и во делот на субвенциите што ги издвојува државата бидејки Охрид се прилагоди со цените, градот ги подготвува посебно хотелските капацитети своите стандарди. Охрид не е скап Охрид е многу коректен со цени мегутоа јасна стратегија кон кои целни групи се стремиме“, вели Тоше Чочороски хотелиер.

Апартман во центарот на Охрид во топ сезона може да се најде и за 10 евра  ноќевање. Вон сезона квалитетно хотелско сместување може да се најде и за 20 евра по лице на ден.

– „Мораме  да прзнаеме дека цените ни се доста пристапни  ова се однесува на некои кои критикуваат дека Охрид е скап тоа не е така во никој случај  доколку ги споредиме цените со Скопје ете може да видите дека цените скоро на секој производ се поскапи во ценатрот како и во центарот тука А да не разговараме за други летувалишта во Грција, Црна Гора или Хрватска. Охрид е вистина далеку попристапен“, вели Љупчо Стојкоски Лепи туристички водич.

„Градот покрај едно од најубавите езера во регионот. Познат по преубавата природа, гастрономска понуда и добри забави, градот кој го носи епитетот Балкански Ерусалим вреди да го посетите. Ако сакате дополнително да заштедите, посетете го на пролет, во март“, пишува Триваго за Охрид.

Хотелиерите сметаат дека државата треба да размислува за субвенционирање на туристи во текот  на зимските месеци.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани