Нападнатиот фудбалски судија Фатмир Бафто јаво проговори. Градоначалникот на општина дебрца го пцуел, навредувал и давел за врат!
Бафто во изјава за националните ТВ куќи изјави:
–„ И од позади мене слушнав пцовки, навреди и наеднаш ме нападна господинот Зоран Ногалчески, ме фати за врат и во тој момент изреагира полицијата, го тргнаа него. И тој продолжи со навредите и со пцуењето кон мене, кон моето семејство, со закани дека нема да излезам од изгралиштето и ред други работи што не го доликуваат на еден градоначалник “.

Судијата го нападнал и советникот за безбедност.
-„Никогаш не сум имал ваков проблем, сум судел секаде, но ова е навистина претеризам. И откако влеговме во соблекувална, комесарот за безбедност што беше на натпреварот Стефче Бочески и тој ме нападна исто, ме фати и тој за врат. Во тоа време делагатот изреагира и го исвадија надвор, сакаше да не заклучи и се обиде да не заклучи во соблекувална“– раскажува Бафто.
Ова не е прв инцидент на Ногачески. Во јавноста се зборува дека тој често пати се однесувал насилно. Судијата поднесе пријава за физички напад и очекува надлежните да го расчистат случајот.
