Учениците од петтите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ на 30.10.2018 (вторник), имаа можност да го слушнат предавањето на познатиот историчар во пензија проф. Наце Иваноски, татко на нашата колешка Биљана Иваноска.
Часот го проследија учениците од V1 и V2 одд. ,учителките Биљана Иваноска и Валентина Трпческа.
На отворениот час по предметот општество на темата „Нашата татковина Република Македонија“ професорот реализира одлично излагање со краток и прецизен историски осврт кон најзначајните настани од историјата на македонскиот народ. Ги водеше младите слушатели низ историјата со хронолошка прецизност задржувајќи се на клучните моменти, а на прашањата одговараше со енциклопедиска точност. Отворениот час беше успешно реализиран, а учениците побараа професорот повторно да ги посети.
Ваквите часови остануваат во нивните сеќавања, а историчарите кои истовремено имаат одлични педагошки квалитети почесто треба да се покануваат во училниците.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
