Унапредување на приходите и продолжување на сезоната – работилница наменета за сопствениците на приватно сместување во Охрид.
Работилницата наменета за приватните станоиздавачи во Охрид ќе се одржи утре од 11 до 15ч во хотелот Милениум Охрид.
Теми на работилницата:
1. Основи на Маркетинг и Маркетинг микс;
2. Основни маркетинг принципи за сместувачките капацитети;
3. Маркетинг стратегија и начини на продажба;
4. Концепти за продолжување на туристичката сезона (управување со туристичка дестинација);
5. Формирање на понуда и цена (туристички производ);
6. Продажба, подобрување на продажбата преку понуда на дополнителни услуги и нови канали на маркетинг и продажба;
7. Продажба преку социјални медиуми, веб страна;
8. Нови интернет базирани продажни канали;
9. Основи на управување со приходи;
10. Продажба, подобрување на продажбата преку понуда на дополнителни услуги и управување со приходи;
11. Управување со приходи со цел продолжување на сезоната; 12. Најдобри примери за тоа;
13. Прашања и одговори за подобрување на условите за туристичко работење.
Обучувач:
Александар Целески – Сертифициран менаџмент консултант, со докажано искуство во водечки професионални компании за консултантски услуги. Тој работел како менаџмент консултант за повеќе мали и средни претпријатија од регионот на Балканот, како и за македонски јавни и владини институции. Александар е со повеќе од 10 годишно искуство во туризмот и хотелиерството каде работел на анализи, студии, стратегии, обуки и индивидуални консалтинг услуги во секторот туризам. Покрај сертификатот како менаџмент консултант (CMC®), Александар има и сертификати за посетени обуки од областа на туризмот и угостителството од реномираните обука на EBRD, Swiss Contact, SHL, итн. Дипломирал на „Американ колеџ“ во Скопје и зборува неколку странски јазици. Александар е сертифициран и од БАС програмата на Европската Банка за Обнова и Развој во Македонија како експерт-консултант за хотели и ресторани, и SHL сертифициран Мастер обучувач за управување со приходи.
