До крајот на денешниот ден од запад кон исток над нашата територија ќе поминува облачна воздушна маса која ќе услови и слаби локални врнежи од дожд, услови за слаб локален дожд ќе има и во Скопскиот регион.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени.
Потоа во следните денови ќе се задржи умерено, локално и значително облачно а има услови и за слаб локален дожд.
Максималните дневни температури на воздухот и понатаму ќе бидат значително над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.
Мал пад на температурите ќе има од недела но истите и понатаму ќе бидат над просекот за овој дел од годината.
Подготви: Славчо Попоски
