Разбојниците сред ноќ нападнале стара жена каде живееле под кирија.
Охридската полиција ги фати и поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ разбојништво“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство им поднесе кривична пријава на О.Х.(18) и Ѓ.Д.(19), двајцата од Скопје. Судија од предходна постапка од Основниот суд Охрид, им на одреди мерка притвор од 30 дена а потоа спроведени во Казнено поравната установа Затвор Охрид.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, појаснува дека пријавените, казненото дело го извршиле на шести октомври оваа година, во домот на оштетената Н.Д.(76) на улицата „,Абас Емин“ во Охрид, каде престојувале во изнајмена соба.
-Во текот на ноќта, сега пријавените затропале на нејзината врата и откако оштетената им отворила, веднаш ја нападнале и го одзеле златниот ланец и обетките а од ташната одзеле 6000 денари, соопшти портпаролот Димоски.
