Почнува лекувањето на Сара на клиниката во Германија

Сара и нејзиното братче се во Германија, неделава почнува нејзиното лекување.

Родителите со силно емотивна порака се обратија до охридската и македонската јавност.Еве што напиша семејството Настески
Почитувани сограѓани и сите останати хумани луѓе кај нас и во странство,Ви се обраќаме со почит сакајќи да Ве известиме дека целото наше семејство се наоѓа во Германија. Благодарение на сите вас и Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.
Веќе од вчера, 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.
Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.
Дозволете ни да започнеме, а потоа да ве известуваме за лекувањето.
Вечно благодарни, од срце,семејство Настески

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани