Низ социјалните мрежи кружи видео како куче напаѓа дете.
Вознемирувачко видео се појави на Фб и на неколку други социјални мрежи како две кучиња напаѓаат дете во двор од зграда. Кучињата го совладуваат и го касаат детето кое паѓа на плочникот. Залудни се обидите на неколку повозрасни да ги оттргнат.Видетот доживува бројни споделувања и бројни коментари да се презема нешто за заштита и слични апели. Повторно зачестија напади на кучиња, за среќа во Охрид без фатални последици. Во Дебар жена беше буквално растргната а пред два дена јавноста ја потресе веста за смртта на младото девојќе од Гостивар кое, бегајќи од напад на глутница кучиња, падна во Вардар и се удави.Време е посериозно да се пристапи кон решавање на овој проблем и кон зголемена безбедност на граѓаните и нивна заштита од нападите на кучиња.
Напоменуваме видеото е вознемирувачко.
