После една седмица потрага, исчезнатото девојче од Суводол само се вратило дома.
На 08.11.2018 година околу 16.00 часот во Полициската станица Демир Хисар, С.Н. од село Суводол пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка, која беше пријавена за исчезната на 02.11.2018 година, се вратила дома во село Суводол.- соопштува полицијата.
Каде било девојчето овие денови засега нема одговор ниту од родителите ниту од полицијата.
