Градоначалникот Јован Стојаноски го проследи концертот на светски познатите уметници од Русија, Артем Науменко- флејта и Александар Синчук- пијано што синоќа се одржа во катедралната црква Св. Софија во Охрид.

Организатор на настанот беше фестивалот Охридско Лето и истиот има хуманитарен карактер . Собраните средства ќе бидат наменети за охриѓанката Сара Настеска која веќе замина на лекување во Германија.

