Екологистите бараат да му се одземе правото на ЕЛЕМ да управува со Охридското езеро

Еколозите бараат да му се одземе правото на ЕЛЕМ да управува со нивото на Охридското езеро. Загрижени на денешната 6-та годишна Дримска Конференција алармираа дека нивото на  езерото и натаму се намалува.

 

 Денес  е на 16  сантиметри до минималната дозволена кота., односно се наоѓа на 693,26 м.н.в.Според нив  Охридското езеро старо три милиони години  не смее да се користи како акумулација. Флуктуацијата на нивото, од преполно до испразето предизвикува драстични негативни промени врз ендемичниот  растителен и животински свет.

– Да дозволите за 70 см и повеќе во текот на десетина месеци нивото на езерото да варира е недопустливо.  Мислам дека државата треба да преземе драстични мерки и према ваквите нарушувања на нивото едноставно да му се одземе управувањето со нивото на  езерото на ЕЛЕМ,  бидејки еве се докажува последниве години дека не се грижат за тоа а едноставно езерото го гледаат како киловат часови произведена енергија“, вели Трајче  Талевски  екологист.

Од министерството за животна средина  велат дека будно и одговорно  го следат нивото на езерото и  засега немаат забелешки до ЕЛЕМ. За нив состојбата не е алармантна.

– „Нормално дека тие се следат  на веб страницата на ЕЛЕМ имате котите на Охридското езеро. Сега во моментов не знам колку е нивото меѓутоа ние ги следиме тие движења и мсилам дека се на добри коти.  Ние заеднички со ЕЛЕМ ги решаваме проблемите не може ЕЛЕМ без наша согласнот да управува со Охридското езеро, Илбер Мирца  раководител за сектор за води во министерство за животна среидна.

Странските  експерти на страната на екологистите,  не е целта да се прави профит на сметка на уништување на вредните водени ресурси.

–  „Да не дозволиме нечии лични интереси да преовладуваат. Ние никако не сакаме да произведувае струја а да уништуваме друго. Струјата е важна но и екологијата.Јас би барал од моите колеги и од мојхата влада да се почитуваат сите прописи“,вели Радослав Рашовиќ од министерството за животна средина на Црна Гора.

За нискиот водостој пред неколку денови алармираше и општина Охрид испрајќајки допис до надлежните министерства.

-Oпштина Охрид  апелира до надлежните инситуции и ја апострофира  сериозноста на проблемот со моменталниот водостој на Охридското Езеро, особено на делот на каналот „Студенчишта“.

И екологистите предупредуваат дека може да се повтори еколошката катастрофа од пред неколку години , кога поради ниското ниво на езерото  угина десетина тони плашица  во каналот Студенчишта.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани