Пожар во зграда во Охрид

Пожарот избувнал утрово околу 04 часот.

На 17-ти ноември оваа година, околу 04 часот, во зграда на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид избувнал пожар. По излегување на местото на настанот, констатирано е дека пожарот се појавил во подрумска просторија сопственост на Ж.Д. жител во зградата, каде на влезот била поставена метална врата.
-Пожарот бил локализиран и изгаснат од територијалната противпожарна единица.СВР Охрид презема мерки за целосно документирање и расчистување на овој настан, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани