Шестиот симпозиум ќе се одржи во петок во „Св.Софија“.
Во организација на универзитетот „Евро-Балкан“,Институтот за национална историја Скопје и универзитетот во Болоља, на 23 овој месец, во Охрид ќе се одржи 6 меѓународен симпозиум „Денови на Јустинијан I“. Тема на овој научен собир е „„Државата и империјата“ за која, свои обраќања ќе имаат проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски, проф.д-р Џузепе Маино и проф.д-р Митко Панов.Во рамките на симпозиумот, ќе се одржи промоција на зборникот од петтиот меѓународен симпозиум. Шестиот меѓународен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, жто ќе се одржи во катедралната црква „Св.Софија“ во петк во 11 часот,ќе отпочне со настап на камерниот хор „Херувими“.

