Приведен насилник-имал нож и марихуана

Насилникот бил пијан и кршел во казино во Охрид.

Ноќеска, во 00.05 часот, во СВР Охрид приведен е Е.Ш.(38) од Охрид. Тој, во казино лоцирано на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир, започнал вербална расправија со вработените а потоа скршил еден од апаратите.
-Натамошниот тек на нарушувањето е спречено со интервенција на полициски службеници, кои при извршен преглед, кај него пронајдоа помала количина опојна дрога марихуана и еден нож на преклоп.По целосно документирање на настанот, против Е.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани