Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ освои 3 медали на „Бугарија Опен 2018“

Три медали за охридските теквондисти на  меѓународниот А класа во Бугарија.

Изминатиот викенд во Пловдив соседна Бугарија се одржа меѓународен А класа Таеквон-до ИТФ турнир, на кој учествуваа над 700 натпреварувачи од над 60 клубови од 15 земји ширум Европа и тоа Македонија, Бугарија,Србија, БиХ,Словенија, Грција, Австрија, Молдавија, Романија, Чешка, Украина,Велс, Естонија,Хрватска и Англија. 

На овај турнир фалеше уште Русија за да бидат најдобрите европски репрезентации на едно место . Истотака може да се рече дека по квалитетот на натпреварувачите и посетеноста беше на рамниште на Европско првенство. 

-„На овај турнир благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” учество зеде и нашиот најдобар клуб од Македонија ,Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, кој настапи во скратен состав со 8 натпреварувачи,поради училишни обврски не настапија сестрите близначки Анастасија и Ангела Велјаноски, кои се редовни осовјувачки на медали, истотака и Божидар Димитриевиќ кој е апсолутен шампион во својата категорија, додека Стефан Калансоки и Владимир Димитриевиќ не настапија поради повреди“, информираат од клубот. 

Многу натпреварувачи бркаа критериум за учество на Европско, но за жал победија судиите. Ќе го паметиме овај турнир по огромната пристрасност како на Грчките така и на Бугарските судии кои им помогнаа на своите натпреварувачи да исполнат критериуми на штета на другите држави, свето незадоволство го изразија повеќето држави.


И покрај огромната пристарасност на судиите успеавме тешко да заработиме 3 медали, информираат од клубот.


-Еден  сребрен , кој го освои Филип Трифуноски во категорија -65 кадети 12-13 години, кој во финале беше оштетен од судиите и за малку не исполна критеиум за учество на Европско, два  бронзени медали, кој ги освои Елена Јанеска борби во категорија женски кадети 12-13 години, и форми за жолт појас женски кадети 12-13 години, на Елена и фалеше златен медал во борби за да учествува на Европско но судиите ја победија и неа во полуфинале.Беа оштетени скоро сите наши натпреварувачи од страна на судиите, посебно јуниорите кога ќе дојдеа до четвртфинале беа победувани од судиите, на што реагираа за нас претставниците од Србија, Словенија, Австрија, но ние сме мала федерација, и сме од една малечка земја и сме безгласни во однос на судиските одлуки, се жали претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани