Затворен патот за Галичица

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува во Смојмирово,Кичево и Попова Шапка, додека во Маврово и на планинските превои Стража и Плетвар има остатоци од кашест снег на коловозот.

 

Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен-Охрид (Отешево-Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 до 01.04.2019 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани