Во текот на следните неколку денови под влијание на јужно воздушно струење ќе имаме позначителен пораст на температурите на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Времето ќе биде сончево со умерена облачност, позначителна облачност ќе има во вторник особено навечер и во текот на ноќта кон среда кога се очекуваат локални слаби врнежи од дожд, на планините ќе провејува снег. Циклонска активност и поинтензивни врнежи нашата територија треба да ја зафатат во текот на ноќта сабота кон недела, објави Славчо Поповски.
Во среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец. Во Охрид температурите ќе се двиѓат од 2 до 10 степени.
Ова е прогнозата на Славчо Попоски:
Според моменталните анализи со кој ние располагаме, зимата својата сила треба да ја покаже после 10ти декември, кога очекуваме врнежи од дожд и снег, сепак поради тоа што се работи за подолгорочна прогноза, шансите за ова да се оствари и не се толку големи поради тоа што сето ова зависи од многу фактори во атмосферата.
Што се однесува пак до новогодишната ноќ, сегашните анализи кажуваат дека мали се шансите за снежна нова година но не значи тоа дека ќе биде баш така затоа што до тогаш имаме уште 30 денови што значи дека промени на оваа прогноза сигурно ќе има, но какви останува да видиме како ќе се одвиваат работите.
Инаку зимата пред нас би била просечна во поглед на температурите и врнежите, најврнежлив месец и понатаму останува февруари кога очекуваме и најмногу врнежи (дожд и снег). Но тоа не значи дека и другите зимски месеци нема да имаме врнежи. Напомена: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочна временска анализа, промени на истата и тоа како се можни, овие прогнози на нас ни служат како ориентација и резерва како би се одвивала временската состојба понатаму.
