И годинава се очекува рекодрден број деца, да се придружат на големата Бадникова поворка, која традиционално по шести пат ќе се одржи во Охрид.
Ден пред Божиќ, на 6 јануари, рано утрото децата со свеќи во раце, кандила, ѕвезди и ѕвона ќе го наговестат Христовото раѓање. Во свечена Бадникова поворка низ охридските улици ќе одекнува старата коледарска песна “Вечниот бог”.
Децата ги симболизираат небесните анѓелите, кои возбудени со насмевки и радост ја шират радосната вест. За возврат на градскиот плоштад пред Бадниковата пештера верниците ги даруваат со пакетчиња. Секој кој милува може да се придружи на величествената поворка.
-„Се известуваат сите деца дека започна пријавувањето за учество во поворката ‘Бадниково навестување за раѓањето на Христос” Првата проба ќе се одржи во салата за физичко воспитување во ОУ ‘Христо Узунов” на 15 декември (сабота) 2018 г. со почеток во 16.00 ч“, информираат организаторите.
