Учениците од „Христо Узунов“ апсолутни победници на Олимпијада по експериментална физика насловена како -Ден на електронот, што пред два дена се одржа на физичкиот факултет СУ”Св.Климент Охридски”-Софија,Бугарија.
.jpg)
На Олимпијадата учествуваа ученици од Русија,Бугарија,Казахстан,Србија и Македонија.
На Олимпијадата зеде учество и нашето училиште-ОУ”Христо Узунов”-Охрид со седум ученици под менторство на наставничката по физика Вера Зороска.
.jpg)
-“Среќна и горда сум на нашиот успех,што во силна конкуренција и особено тешка експериментална задача успеавме на освоиме дури три награди и тоа:Атина Рувинова-трета награда,Борче Исакоски-втора награда и Кристијан Шишкоски -ПРВО МЕСТО!
Со ова докажавме дека нашите ученици умеат,знаат и можат рамо до рамо да застанат,да се натпреваруваат и победуваат меѓу врсниците од другите држави!!!”, вели ВераЗороска
