Нема веќе хотелски ѕвезди од ракав. Нов модел за категоризација на хотелите бараат од сојузот на Стопански комори на Македонија.
Иако постои правилник за категоризација, усогласен со европските стандарди,ѕвездите во земјава ги доделува комисија во владата.
Сојузот на Стопански комори на РМ бара реално доделување на ѕвездите според квалитетот и условите на хотелите.
-„Пред две години беше изземен од министерството за економија и префрлен во кабинетот на заменик претседателот на Владата со 13 члена комисија, со плаќање на ѕвездите сметаме дека тој модел треба да претпри одредени измени, изјави Даниела Махајлоска Василевска од Стопанската комора на РМ.
-„Вие морате да имате пропишани стандарди кои ќе ги користите, а не да биде тоа ад хок комисија.Јас сметам дека во категоризацијата треба да се вклучи науката и искуството, тоа е во сите земји“, изјави професорот Науме Мариноски од ФТУ.
Често пати во јаноста има критики за преценети хотели. Имаат пет ѕвезди, а не ги исполнуваат стандардите. Немаат внатрешен ниту надворешен базен, немаат посебни услови за инвалидизирани лица, спа центри и слично.
-„Имајќи предвид дека ние сега имаме хотели со називи и имиња коишто воопшто не одговараат на постоечките регистри за категоризација. Ние сега имаме регистри на хотели, регистри на мотели но во моментов ни се јавуваат разни други форми на хотели кои што не подлежат на оваа категоризација“, изјави Махјлоска Василеска.
Реалната категоризација на сместувачките капацитети е клучна за да има задоволни туристи, кои хотелот го избрале според бројот на ѕвезди, а условите соодветствувале на тоа.
Во продолжение стандардите на хотелите со повеќе ѕвезди:
Прва класа или 4*
И овде важи сѐ како и во претходните категории, но рецепцијата треба да работи минимум 18 часа на ден. Претсобјето, покрај три гарнитури за седење, треба да има и бар. Во овие хотели треба да биде овозможен појадок во собата, а мини барот треба секогаш да биде наполнет. Освен кревет, маса со стол и плакар, собата во хотелот со четири ѕвездички треба да има и фотелја или кауч, како и мала маса. Наметка и влечки треба да има во секоја соба, а ако ги нема, треба да бидат достапни доколку се побараат. Бањата во овие хотели е малку полуксузна, со капа за туширање, козметичко огледало и разни производи за лична хигиена. Иако пониските категории не мораат да имаат ресторан, туку само трпезарија, овие хотели треба да имаат ресторан кој работи 7 дена во неделата.
Луксуз или 5*
Во хотелите со пет ѕвезди рецепцијата треба да биде отворена 24 часа на ден, а на сите гости треба да им биде на располагање чувар или личност задолжена за паркирање на возилата. Исто така во овие хотели треба да постојат и личности за носење на багажот до собата. Претсобјето треба да биде широко со простор за седење и бар. Секој гостин кога ќе влезе во собата треба да најде свежо цвеќе или некој друг подарок за добредојде. Во собите треба да има сеф и секако, брз Интернет. Хотелот треба да има сервис за пеглање кој ќе им ја подготви облеката на гостите во рок од 1 час.
Супер луксуз или 7*
Некои хотели ги задоволуваат дури и најстрогите барања, поради што се наградени со седум ѕвездички. Првиот хотел на светот кој спаѓа во оваа категорија е хотелот Бурџ ел Араб во Дубаи, кој е отворен во 1998 година и каде секоја соба има свој сопствен батлер. Тешко е да се каже какви услови треба да задоволува еден ваков хотел. Никаде не постои пишано правило дека таква категоризација официјално постои, но поради луксузот во кој гостите може да уживаат во поединечни хотели, како што е дизајнерскиот мебел, елитните пијалаци и останати задоволства за богатите, јасно е дека сепак по нешто се разликуваат од оние со пет ѕвездички.
Дали треба да му верувате на бројот на ѕвездички кога избирате во кој хотел ќе престојувате? Секогаш треба да бидете „со резерва“, пред сѐ поради тоа што класификацијата на хотелот во светот не е единствена, туку секоја држава сама одредува што треба да задоволува една категорија.
Новинар Соња Рилковска
