ВИДЕО: Во недела промоција на првата книга посветена на Дебарско кичевската епархија

Вкупно 565 активни  цркви и манастири, функционираат во рамките на Дебарско кичевската епрахија, од нив 203 припаѓаат на  охридскиот регион. Во изминатите  педесет години самостоен и полн црковен живот се  изградиле бројни  храмови,цркви, манастири,  конаци.

Сите факти  од формирањето  до денес,  преточени во првото  капитално црковно  дело книгата „Дебарско – кичевска епархија (1967 – 2017)“, која ќе биде промовирана во недела во катедралната Света Софија.

Станува збор за исклучително значајно дело за историјата на МПЦ, распослано на 700 страници  во кое е опишано опстојувањето од ранохристијанскиот период до денес.

-„Оваа книга навистина вреди многу, и ќе биде од големо значење за зачувување на историјата на МПЦ. Инаку книгата претставува еден вид шематизам на епархијата најрпво започнува со стручно научни прилози обработени од врвни научници од нашиот период пред се тука се академик Вера Битракова Грозданова, д- р Сашо Цветкоски  д-р Александар Трајаноски како и професорот на Богословскиот факултет ѓаконот д-р Дејан Борисов. Во кој се обработуваат ранохристијанските мозаици од Охрид па се до денешнината, митрополитите кои што биле на овие простори“, вели  Протоереј-ставрофор Никола Христоски секретар на ДКЕ.

Во книгата запишани се сите цркви и манастири  кои се изградени на овие простори во петте градови Охрид, Струга, Кичево, Дебар и Македонски брод, но и ширум селата во регионот. Запишани се и сите свештеници и личности кои оставиле свој белег.

– Ова дело навистина  е голем труд на епархијата но и на целата Македонска православна црква, се разбира ова се се случи со благослов на Митрополитот Тимотеј, пркеу неговата идеја а заслужни се сите кои дадоа свој придонес особено морам да го споменам и протерот Игор никоски кои одвои многу долго време и труд  за да ја подготви оваа книга. Промоцијата како што веќе кажав ќе биде во недела врднаш по светатат архиерејска литургија во храмотСвета Софија и ги поканувам сите верници од Охрид и регионот да го видат ова дело и да присуствуваат на овој голем настан и свечен чин“ , вели Христоски.

Охрид како македонски православен центар, е седиште на Дебарско кичевската епархија. Тука се наоѓало седиштето на древната Охридска Архиепископија, која незанонски била укината водалечната  1767 година, но повторно возобновена после двесте години во 1967 година, за што лани на 01 октомври  се одбележа 50 годишниот  јубилеј.

На промоцијата на книгата во недела ќе присуствува и Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, а  промотори ќе бидат претседателот на МАНУ –  Академик Таки Фити  и Епископот Хераклејски г. Климент.

Новинар Соња Рилковска 

ВИДЕО од прилогот на ТВМ телевизија

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани