Нема да има масовен дочек на Новата година во Охрид

Општина Охрид ги откажа Новогодишните забави.  Погодени од ненадејната,  прерана смрт на градоначалникот  Јован Стојаноски , општинарите нема да организираат новогодишни настани и концерти во градот.

 

Во целост се откажува проектот „Од 20 до 20 Сите во Охрид“ , во кој исто како лани, беа предвидени многу новогодишни  манифестации за анимација на охриѓани и бројните туристи. Нема да има спектакуларни  концерти,настапи на музички ѕвезди од земјава и регионот,  изложби, трки на Дедо мрази, чоколадни куќи и улици.

-„Јавноста треба да не разбере дека на општина Охрид не и е до славење. И од тие причини се откажани вие настани во кои морам да нагласам дека општина Охрид е активен учесник. Локалната самоуправа. Меѓутоа нам ни е јасно дека Охрид како најголем туристички  вцентар во нашата држава сигурно ќе собере голем број на туристи  за празниците и се разбира дека хотелиерите, сопстевниците на кафетерии и сите кои живеат од гости и туристи се разбира дека тие ској ан свој начин ќе направат одредени амнифестации одредени настани со кои ќе им угодат на гостте и туристите“„, вели Томе Џамтоски.

Портпаролот на локалната самоуправа е дециден општината нема да организира масовен дочек на градскиот плоштад. На прашање дали е дозволиво Охрид како главна туристичка метропола да остане без Новогодишен концерт ,  вели немаат против доколку некоја компанија самостојно    организира.

-„ Во овој момент не можам да потврдам меѓутоа како што кажав да не се злаетуваме не можам да потврдам но ставот на локалната на раководителите на секретарот и на сите вработени е дека нам не ни е до славење.  Доколку било кој било кое правно лице било која организација најде за сходно да ги повика да направи манифестација и прослава се разбира ние нема да се противиме“, додава Џамтоски.

Кои музички ѕвезди ќе ги забавуваа охриѓани и бројните туристи во најава, за дочекот на 2019 година не се  открива. Договрено било се`,  но не биле потпишани договорите, што значи општината нема да трпи пенали за откажувањето.

Новинар  Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани