Македонската Алпинистичка Федерација и о Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид oрганизираат годишна завршна манифестација, која ќе се одржи во Охрид.
На манифестацијата ќе бидат презентирани најзначајните активности на МАФ од минатата година и ќе бидат доделени наградите Јован Ангелов – Циго, за најуспешните алпинисти во 2018година.
Во рамки на манифестацијата, ќе се одржи и т.н. Алпинистички викенд во Охрид, во чии рамки ќе се реализираат повеќе искачувања на Галичица, а вечерта на 22-ри со почеток во 20:00часот ќе биде прикажана и дел од богата програма на овогодинешниот фестивал на планински филм “ЕХО”.
Годишната манифестација ќе се одржи на 21-ви декември (петок) во амфитеатарот на филмската академија Охрид, со почеток во 20:00часот.
Оваа манифестација, претставува одлична можност за запознавање со активностите на МАФ и нејзината мисија за промоција и развој на алпинизмот во Македонија.
